22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција формира „лоша банка“ за ненаплатливи кредити

Грција формира „лоша банка“ за ненаплатливи кредити

grcija-losha-banka

Грчката влада е подготвена да формира „лоша банка“ по постигнувањето на договор со кредиторите за третиот пакет помош, пренесува британски Телеграф, повикувајќи на грчките медиуми.

Нивото на ненаплатливи, или „лоши кредити“ во Грција достигна 115 милијарди евра, а во новоформираната банка би биле префрлени најмалку 30 отсто од ризичните кредити, оценуваат локалните медиуми.

Основањето на „лоша банка“ долго време беше план на грчкото министерство за финансии, под раководство на поранешниот министер Јанис Варуфакис, кој би помогнал во решавање на проблемите во финансискиот сектор.

Приоритет ќе биде даден на корпоративните кредити, кои ќе можат да преминат во рака од трети лица, со дисконтна цена. Странските фондови веројатно ќе бидат заинтересирани за преземање на „лошите кредити“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП