30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМиладиноски стана доминантен сопственик во "Жито Караорман" АД Кичево

Миладиноски стана доминантен сопственик во “Жито Караорман” АД Кичево

hartii od vrednost berza

Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое понудата за преземање на акциите издадени од “Жито Караорман” АД Кичево дадена од страна на Сретен Миладиноски се утврдува како успешна.

Врз основа на оваа понуда, преземачот се има стекнато со вкупно 2.975 обични акции и заедно со акциите што веќе ги поседуваше (2.625 обични акции) има вкупно 5.600 хартии од вредност што претставува учество од 50,67 % од вкупниот број на обични акции издадени од “Жито Караорман” АД Кичево.

Понудата за преземање била прифатена од вкупно тројца сопственици на обични акции со право на глас во “Жито Караорман” АД Кичево.

На седницата што се одржа денеска, Комисијата даде согласност Ѓорги Палевски да биде директор на брокерската куќа “Поштел брокер” АД Скопје и во наредните четири години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП