13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските индекси на највисоко ниво за шест недели

Европските индекси на највисоко ниво за шест недели

evropski-berzi-euroberzi

Цените на акциите на европските берзи во понеделникот благо пораснаа на највисоко ниво за шест недели, а во фокусот беше финансискиот сектор со оглед дека денеска работат грчките банки, кои беа затворени на три недели.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 9,30 часот беше во плус 0,2 отсто, достигнувајќи ново највисоко ниво за шест недели.

Франкфуртски DAX, лондонски FTSE и париски CAC индекси беа околу 9,30 часот во плус помеѓу 0,1 и 0,3 отсто.

Најмногу, за 0,5 отсто изутрината зајакна банкарскиот сектор бидејќи инвеститорите ги охрабрува развојот на ситуацијата во Грција по договорот за реформи кои државата ќе ги спроведе за да добие нова меѓународна финансиска помош.

По три недели, грчките банки повторно се отворени во понеделникот, но со ограничување на подигнување на готовина. Нагорна корекција има кај стапката на ДДВ-то.

А на азиските берзи цените на акциите изутрината паднаа, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу 9,30 часот беше во минус 0,5 отсто.

На Токијската берза денеска не се работи поради празник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП