30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУрнат рекордот на посетители во Аква-паркот

Урнат рекордот на посетители во Аква-паркот

akva-park-akva

Топлотниот бран, кој во изминатите денови ја зафати државата, придонесе да биде урнат рекордот на посетители во Аква- паркот, кој работи во рамки на СЦ „Борис Трајковски“.

Капацитетот на капачи веќе до пладне беше исполнет. Се бараше карта плус, но поради безбедносни причини граѓаните беа советувани и вратени.

Одговорните лица во Аква Паркот се извинуваат на сите оние кои морале да бидат вратени, но тоа пред се’ тоа биле мерки за нивна безбедност и сигурност, како и за посетителите кои веќе влегле во паркот.

Посетителите на Аква Паркот можат да користат некој од десетте тобогани односно „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река.

Аква-паркот работи секој ден од 10 до 20 часот, а за безбедноста на посетителите и годинава се грижат 36 спасувачи од Црвен крст.

Во рамки на аква-паркот работат и три кафулиња и еден ресторан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП