12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarrefour забележа побавен раст на продажбата

Carrefour забележа побавен раст на продажбата

maxresdefault (3)

Најголемиот француски дистрибутивен ланец „Carrefour“ ја зголеми продажбата во вториот квартал оваа година за 2,6 проценти на годишно ниво, на 21,3 милијарди евра.

Тоа е побавен раст во однос на претходниот квартал, кога приходите беа зголемени за 3,2 проценти.

Како што се наведува во соопштението на компанијата, до забавување на растот во извештајниот квартал дошло поради забавување на францускиот пазар каде „Carrefour“ остварува 40 проценти од приходите, пренесува францускиот весник Капитал.

На домашниот пазар „Carrefour“ забележал раст од 0,9 проценти, по растот од 2,5 проценти во првиот квартал од тековната година.

На бразилскиот пазар, вториот најголем пазар за овој дистрибутер, продажбата останала динамична и покрај економската криза во таа земја, па приходите се зголемени за 7,1 проценти по растот од 8,4 проценти во првиот квартал.

Во Азија вкупната продажба на „Carrefour“ пораснала за 13 проценти, додека во Кина, и покрај општиот пад на потрошувачката, забележано е намалување на продажбата од 11,4 проценти во однос на вториот квартал минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП