26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на златото падна под 1.100 долари, на најниско ниво за пет...

Цената на златото падна под 1.100 долари, на најниско ниво за пет години

zlato pracki

Цената на златото падна денеска за четири отсто, како последица на очекувањата за зголемување на каматите во САД, со што прв пат по пет години падна под 1.100 долари за унца.

Денес на азиските берзи цената на унца злато падна на само 1.088 долари, најниско ниво од март 2010-та година.

Инвеститорите вообичаено купуваат злато во периоди на голема несигурноста на светските финансиски пазари бидејќи важи за сигурно прибежиште за капиталот во нестабилни времиња.

Сепак, од минатата недела златото е под притисок бидејќи се поверојатно е дека американската централна банка до крајот на годината ќе ја зголеми каматната стапка, со оглед дека локалната економија расте. Поради тоа доларот добива на вредност.

Цената на златото е под притисок и поради тоа што инфлацијата во најголемите светски економии е на ниско ниво, па златото загуби на сјајот како обезбедување во време на јакнење на инфлаторните притисоци.

Покрај тоа, во петокот Кина, најголемиот потрошувач на злато на светот, објави дека на крајот на јуни нејзините златни резерви биле за 57 отсто поголеми отколку пред шест години, кога последен пат беа објавени податоци за резервите. И покрај таквиот раст, златото сега сочинува само 1,65 отсто од вкупните девизни резерви на кинеската централна банка, а во 2009-та година уделот на златото изнесувал 1,8 отсто.

„Пазарот на злато технички делува слабо, а најголемиот купувач Кина, сега продава злато, додека досега го купуваше за време на пад на цената. Тоа е причината за денешниот пад на цената на златото“, смета Виктор Тианпирија, аналитичар во банката ANZ во Сингапур.

Заедно со цената на златото, изутрината остро, за пет отсто, падна и цената на платината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП