19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБафет купи грчки остров, следуваат вложувања!

Бафет купи грчки остров, следуваат вложувања!

bufi3

Американскиот бизнис магнат и еден од најуспешните инвеститори во светот, Ворен Бафет, го купи грчкиот остров Агиос Томас (Свети Томас) за 15 милиони евра.

На интернет страната на грчкиот весник „Порто Теме“ беше објавено дека Бафет го купил островот заедно со италијанскиот магнат за недвижности, милионерот Алесандро Прото.

Двајцата, како што наведува овој весник, минатиот четврток го склучиле договорот за купување на овој остров.

Бизнисмените објавија заедничко соопштение во кое најавуваат инвестиции на островот кој се наоѓа во Саронскиот залив. Во соопштението се наведува дека тие планираат со изградбата да помогнат за развој на поширокиот регион.

Островото со големина од 300 ари и претходно беше огласувано на Интернет за продажба.

Доколку оваа информација биде потврдена, тоа ќе биде уште едно купување на некој грчки остров зад кое стои позната личност. На почетокот на минатата недела, холивудскиот глумец Џони Деп го купи ненаселениот грчки остров Строгило во Егејското море за 4.2 милиони евра.

Во овој момент десетина грчки острови се наоѓаат на продажба, па се очекува наскоро некој од нив да добие нов сопственик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП