6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniversal Pictures со рекорден профит од 5 милијарди долари

Universal Pictures со рекорден профит од 5 милијарди долари

universal-studios

Нов апсолутен рекорд во Холивуд постави филмската компанија „Universal Pictures“, заработувајќи од почетокот на годината на светските благајни сума од 5 милијарди долари.

„Никогаш во историјата на филмската индустрија ниедно студио не заработило толку брзо во рамките на календарската година од своите филмови“, посочува калифорниското радио „KPCC“.

Според официјалните податоци, од почетокот на оваа година приходите од новите филмови на „Universal“ на домашниот пазар се 1.7 милијарди долари, а надвор од земјата оваа сума изнесува 3.2 милијарди долари.

Рекордот се реализираше благодарение на неочекуваниот комерцијален успех на серија на нови филмови, создадени од оваа филмска компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП