11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд повикува на формирање влада на еврозоната

Оланд повикува на формирање влада на еврозоната

fransoa-olandland

Францускиот претседател Франсоа Оланд повика во неделата на основање влада на еврозоната, а до граѓаните апелираше да имаат доверба во европскиот проект, и покрај тоа што е ослабен од грчката криза.

Заживувајќи ја замислата која првобитно jа зачна поранешниот претседател на Европската комисија, Французинот Жак Делор, сегашниот француски претседател Франсоа Оланд предложи формирање „влада на еврозоната којашто би имала засебен буџет, како и основање парламент кој ви гарантирал демократски надзор над неа“.

Оланд рече дека 18-те земји членки од еврозоната ѝ се придружиле на монетарната унија, бидејќи тоа им било во интерес и ниедна меѓу нив не преземала одговорност за излегување од неа, како и дека таквиот избор преставува повик на јакнење на организацијата.

Членките на еврозоната во моментов се обединети во неформалното тело Еврогрупата, а го сочинуваат министрите за финансии. Актуелен претседател на Еврогрупата е холандскиот министер за финансии, Јероен Диселблум.

Францускиот претседател изјави дека смета оти Европа дозволила нејзините институции да ослабат, и призна дека 28-те земји членки на Европската унија „се борат да изнајдат заедничка појдовна точка за да тргнат натаму. Парламентите сé уште се многу далеку од одлуките, а луѓето се откажуваат откако повеќепати ќе бидат заобиколени“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП