21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНобеловецот Стиглиц собира тим на експерти којшто ќе и помогне на Грција

Нобеловецот Стиглиц собира тим на експерти којшто ќе и помогне на Грција

stiglicc-88-stiglic99

Угледниот економист, добитник на Нобеловата награда, Јозеф Стиглиц е подготвен да помогне во решавањето на грчката криза и подготвува тим на водечки американски и европски експерти кои ќе учествуваат во тоа.

Стиглиц го соопштил ова на состанок со грчкиот министер за финансии, Евклид Цакалатос во Атина, соопшти прес службата на грчкиот министер за финансии.

Американскиот економист на овој состанок изразил загриженост за економската одржливост на новиот договор којшто го постигна Атина со меѓународните кредитори на 13 јули.

Тој во повеќе наврати ја критикуваше тактиката на меѓународните кредитори кон Атина и структурата на актуелниот финансиски систем во Грција којшто настана како резултат на тие политики.

Економистот изразил подготвеност заедно со европски и американски експерти да и помогне на грчката влада на секој начин да ја заврши политиката на меркиза штедење и земјата да се ослободи од економската криза.

Грција, по маратонските преговори на 13 јули во Брисел се согласи на мерките за штедење во замена за тригодишен заем од 86 милијарди евра. Ова е трет пакет помош за Атина во последните пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП