8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите ги ограничуваат летните одмори

Русите ги ограничуваат летните одмори

rusi turska 33

Ситуацијата во Русија, ослабнатата рубља, како и нејасноста за Грција и терористичкиот напад во Тунис, ги ограничиле можностите и желбата на Русите ова лето за одмор, соопштува руската новинска агенција „ТАСС“.

Според анализите на тур-оператор „TUI Russia“, руските туристи оваа година се 30-35% помалку во однос на минатата година. Најмногу од овој тренд настрадаа главно меѓународните дестинации кои ги привлекуваа до неодамна Русите. Според податоците на руската агенција за туризам, Русите кои се упатат кон Европа за време на летниот одмор, ќе бидат за 40% помалку од минатата година.

Ова се потврдува и од набљудувањето на „TEZ Tour“ – интереснот на турите кон Италија, Шпанија и Кипар се намалиле за 45-50%.

Случувањата на туристичкиот пазар во Русија, меѓутоа, не е изненадување за индустријата, бидејќи трендот се виде уште при раните ангажмани. Освен ограничените можности поради слабеењето на рубља, Русите ги откажале своите одмори и поради терористичките напади во Египет и Тунис, дополнуваат туроператорите.

Главната насока во странство, на кои ќе се упатат Русите оваа година, е Турција (48% од туристите). Следуваат Египет, Црна Гора, Бугарија и Грција. „Буџетските Европејци“, како што ги нарекува „ТАСС“, Бугарија и Грција, ќе привлечат 5% од руските туристи во оваа година.

Руската новинска агенција објави и податоци и за цените на пакетите кои оваа година се значително пониски во однос на 2014-та година. Така 10 дена во Турција чини по 589 долари за лице, спрема 795 долари од минатата година. Одмор во Египет забележа поевтинување до 534 долари во однос на 642 долари од минатата година.

Во Грција 10-дневен одмор веќе Русите ги чини 566 долари за човек, напроти 763 долари од лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП