2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLand Rover можеби ќе го продолжи „животот“ на Defender

Land Rover можеби ќе го продолжи „животот“ на Defender

difender 0303

Иако компанијата планираше до крајот на годината да го испрати во пензија својот најстар модел, производството на легендарниот теренец би можело да се продолжи и во 2016-та година.

Причината за евентуалната промена на одлуката од страна на „Land Rover“ е се уште големата побарувачка за „Defender“, a челниците на компанијата несакаат да ја пропуштат можноста да заработат на овој модел.

Британските медиуми пишуваат дека производството во фабриката Солихул би можело да биде продолжено до април 2016-та, пред конечно машините да бидат исклучени.

Претходно се појавија информации дека производството на „Defener“ дури може да се продолжи и во наредните години, но во некој од погоните во Индија, со оглед дека седиштето на сопственикот на „Land Rover“, компанијата „Tata Motors“, е токму во оваа земја.

Што се однесува до наследникот, тој би требало да се појави во продажните салони во 2018-та година.

Се шпекулира дека модерниот „Defender“ ќе се изработува во нова фабрика, сместена во некоја од источноевропските земји. Како кандидати се споменуваат Унгарија, Полска и Словачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП