30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена фреквенција на граничните премини

Зголемена фреквенција на граничните премини

 

granica 330

На граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, соопштуваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се уште важи забраната за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Измената во временските интервали е следната: петок од 17.00 до 22.00 часот, сабота од 09.00 до 18.00 часот и недела од 09.00 до 22.00 часот за сите државни патишта. Оваа забрана се однесува за период од 01.07. до 31.08. секоја тековна година.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11.00 до 17.00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП