
Акциите на „Google“ се зголемија вчера до рекордни во историјата 674.47 долари во готово. На крајот на берзанското тргување тие забележаа раст од 16.05% или 93.08 долари до ниво од 672.93 долари.


Акциите на „Google“ се зголемија вчера до рекордни во историјата 674.47 долари во готово. На крајот на берзанското тргување тие забележаа раст од 16.05% или 93.08 долари до ниво од 672.93 долари.
Така само за ден пазарната капитализација на компанијата се зголеми за повеќе од 66 милијарди долари, што е повеќе од оценките на „Twitter“ и „Uber“, земени заедно.
Како резултат на добрите резултати на „Google“, доведе до поскапување на нивните акции, па двајцата основачи Сергеј Брин и Лари Пејџ додадоа по околу 4 милијарди долари кон своето богатство.
Според податоците на „Bloomberg“ од почетокот на 2015-та година сметките на двајцата пораснале за 20%, што е еднакво на речиси 7 милијарди долари.
Состојбата на Пејџ се проценува на 35.7 милијарди долари, а таа на Брин на околу 35 милијарди долари.
Извршниот претседател на „Google“, Ерик Шмит, кој поседува 1,3% од компанијата вчера додаде 1.8 милијарди долари, а неговата состојба се проценува на 10,4 милијарди долари.