19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанската централна банка ја зголеми прогнозата за 2015/16

Италијанската централна банка ја зголеми прогнозата за 2015/16

раст-rast-rast-cenite

Банката на Италија ја зголеми прогнозата за економскот раст на оваа земjа за 2015 и 2016 година, оценувајќи дека ултра лабавата монетарна политика во Европа и закрепнувањето на инвестициите ќе и овозможат на третата најголема економија во еврозоната да излезе од тригодишната рецесија.

Во својот тримесечен билтен, италијанската банка објави дека за тековната година очекува економски раст од 0,7 проценти, а за 2016 година 1,5 проценти, наместо 0,4 и 1,2 проценти, како што претходно прогнозираше, пренесува Ројтерс.

„За зголемување на прогнозата за раст не мотивираше позитивниот тренд на меѓународните конјуктори, кој во голема мера се должи на ефектите од монетарната политика“, наведува Банката во својот билтен.

Како што пренесува истиот извор, најновите прогнози на централната банка се во склад со предвидувањето на Матео Ренци и се нешто подобри од оние кои ги објави ОЕЦД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП