13 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСе е поврзано: Станувањето ноќе ја намалува продуктивноста

Се е поврзано: Станувањето ноќе ја намалува продуктивноста

produk1

Луѓето кои во текот на ноќта стануваат да одат во тоалет, да се напијат вода или пак оние кои имаат несоница, се помалку продуктивни од оние кои ја преспиваат цела ноќ, покажуваат новите истражувања.

Истражувачите прегледале 261 жена и 385 мажи со тие симптоми, а потоа ја истражиле нивната продуктивност на работа.

Откриено е дека прекинувањето на сонот има огромно влијание врз продуктивноста. Тие, состојбата ја објаснуваат како прекратен сон или прекратена работа во која со сигурност ќе испуштите некој важен детал.

Организмот при ваквите будења меморира нешто што тие го нарекле „грешка“ и потоа оваа грешка во текот на работниот ден им попречува на вработените со полн капацитет да ја завршат работата. Работниците за тоа не се свесни, но мозокот функционира на тој начин.

Одличен совет за сите ваботени е пред да одат на спиење да ги обават сите потребни обврски, да одат во тоалет навремено, во вечерните часови да не конзумираат течности за да го спречат ноќното станување, оние кои имаат несоница, или кои повремено се будат можат да се консултираат со лекар или да користат напитоци за подобар сон на природна база.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП