2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватите ја купија Љубљанската берза

Хрватите ја купија Љубљанската берза

лјублјанска-берза

Хрватите ја купија Љубљанската берза, која беше во соственост на Виенската берза, јави дописникот на агенцијата ОНАСА.

Љубљанската берза е основана пред 26 години и со продажбата по втор пат менува сопственик. Ексклузивните преговори меѓу Виенската берза (CEESEG) и Берзата во Загреб, завршени се во четврток со потпишување договор за купопродажба на сто отстотно учество на Љубљанската берза.

Завршувањето на трансакцијата се очекува за последниот квартал од годинава по добивање на согласноста и кога Загребската берза ќе биде докапитализациски зајакната.

Познавачите велат дека Загребската берза купопродажбата ја извршила по значително пониска цена од онаа во 2008 година, кога Виенската берза ја купуваше Љубљанската.

Претседателот на управата на Загребската берза, Иван Газиќ, изјави дека очекува преземањето да донесе бројни синергии за двете берзи, како и дека не значи слабеење на делувањето на словенечкиот организиран пазар.

Преземањето предизвика бројни реакции во Љубљана.

Аналитичарот на берзопосредничката куќа Алта, Матеј Симиќ, очекува од промената на сопствеништвото да нема некои поголеми последици, додека директорот на берзанската куќа Илирика, исто така смета дека за пазарот и за неговите учесници, тоа нема ништо битно да смени.

Директорот на „Group”, Матијаж Гантар, смета дека пропаднале шансите кои биле реални во деведесеттите години Словенија со Љубљанската берза да станат центар за југоисточна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП