18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: ММФ нема да учествува без реструктуирање на долгот на Грција

Лагард: ММФ нема да учествува без реструктуирање на долгот на Грција

Christine-Lagarde-EU-IMF-660x330

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ќе учествува во третиот пакет меѓународна финансиска помош за Грција единствено под услов да биде понудена заокружена програма која вклучува реструктуирање на грчкиот долг, изјави во петокот извршната директорка на ММФ, Кристин Лагард.

„Планот вреден од 86 милијарди евра не е одржлив без реструктуирање на долгот. Тоа е причината поради којашто европските земји го прифатија принципот на реструктуирање на долгот“, изјави извршната директорка на ММФ, Кристин Лагард за францускиот радио Europe 1.

Додека неколку земји од еврозоната, кои ги предводи Германија, се противат на уште едно отпишување на дел од грчкиот долг, покрај претходното во износ 107 милијарди евра кој во огромен дел падне на товар на германските приватни доверители на Грција, според Лагард „постојат и други модалитети“.

Не рече колку точно од долгот треба да биде отпишано, но според неа постојат три методи кои би можеле да бидат од полза грчкиот долг да стане одржлив. Грчките доверители, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд би можеле значително да ги продолжат роковите, почекот и максимално да ги намалат каматите, рече Лагард.

Истакна дека ММФ ќе учествува во програмата за помош на Грција само доколку постои сеопфатна програма „која стои на две нозе“. Појасни притоа дека „првата нога“ е грчкото длабинско спроведување на реформите и фискалната дисциплина, а „другата нога“ е на доверителите кои мора да осигурат финансирање и реструктуирање на долгот. „Тоа се правилата коишто се применуваат на сите членки на ММФ“, порача Лагард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП