15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешка од ЕУ добила 16 милијарди евра

Чешка од ЕУ добила 16 милијарди евра

CeskaPrag

Чешка за 10 години членство во Европската унија, и покрај тоа што е меѓу најлошите според способноста да ги користи еврофондовите, сепак, од заедничката европска каса добила 15,7 милијарди евра.

Според извештајот „ЕУ репорт 2015“ Чешка од 2004 до 2014 година во заедничната каса уплатила вкупно 14,5 милијарди евра, а добила од неа 30,2 милијарди, соопшти Националната ревизорска канцеларија NKU.

Тие пари придонеле за отворање на 134,000 работни места, изградба или модернизација на 3000 километри автопат и пруги, реновирање на 42.000 станови.

Европските субвенции придонеле за зајакнувањето на истражувачките и развојните потенцијали на Чешка, а помош од Брисел добиле и 48 научни центри. Модернизирани се 1.500 земјоделски имоти и фарми, изјави шефот на NKU, Милослав Кала.

Чешките државни ревизори го критикуваа, сепак, комплицираниот и бирократски систем за доделување на субвенции во Чешка, особено на почетокот на буџетскиот период од 2007 до 2013 година, предупредувајќи дека Чешка би можело да се случи да остане без 3,9 милијарди евра кои нема да стигне да ги искористи.

NKU исто така предупреди дека Чешка според способноста да ги користи средствата од европските фондови е најлоша во цела ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП