3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилната рафинериска побарувачка во САД ја крена цената на нафтата

Силната рафинериска побарувачка во САД ја крена цената на нафтата

nafta 220

Цената на нафтата порасна на светските берзи откако најновите податоци од САД покажаа пад на залихите на сирова нафта, сигнализирајќи континуирана силна побарувачка на рафинериите и покрај обилната снабденост на светските пазари.

На лондонскиот пазар цената на барелот околу пладне порасна за 75 центи во однос на претходното затворање, на 57,80 долари. Во САД со барелот се тргува по 60 центи повисока цена, од 52,01 долар.

Вчера објавените податоци на американската влада покажаа дела залихите на сирова нафта во САД во минатата недела се намалени за дури 4,3 милиони барели благодарение на силниот скок на рафинериската побарувачка, која достигна рекордно ниво.

Извештајот наведува на заклучок дека побарувачката во најголемиот светски потрошувач и натаму е силна и дека успева да ги апсорбира зголемените количини на енергенти во обичното светско производство.

Оливие Јакоб од швајцарската енергетска советодавна компанија Petromatrix појаснува дека американската побарувачка и натаму е многу силна благодарение на потрошувачката на бензин која поттикнува максимално темпо на работа во рафинериите за време на целото лето.

Во вториот дел од годината пазарот можеби нема да биде толку врамнотежен, кога рафинериите ќе тргнат со работи на одржување, предупреди Јакоб.

„Американските залихи на сирова нафта се уште се на високо ниво и залихите повторно би можеле да се зголемуваат штом започна сезоната на одржување на рафинериите“, предупредува Јакоб, додавајќи дека преостанатиот дел од светот се уште испорачува премногу нафта.

OPEC моментно произведува 2,5 милиони барели дневно повеќе од што е потребно, полнејќи ги залихите ширум светот и одржувајќи притисок на цените, напоменуваат аналитичарите.

На преобемната понуда на OPEC наскоро би можело да се надоврза и зголеменото производство од Иран, по укинувањето на санкциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП