На европските берзи достигнаа највисоко ниво за шест недели, откако грчкиот парламент го прифати пакетот реформи кои државата мора да ги спроведе за да добие нова меѓународна финансиска помош и да остане во еврозоната.
FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу пладне беше во плус 1,4 отсто, на 1.608 поени, на ново најниско ниво за последните шест недели.
Истовремено, лондонски FTSE индекс зајакна 0,5 отсто, на 6.786 поени, а франкфуртски DAX и париски CAC за 1,5 отсто, така што DAX изнесува 11.707 поени, а CAC 5.120 поени.
На берзите владее добро расположение поради намалувањето на напнатоста во врска со Грција, откако рано изутрината го усвои пакетот реформи, кој вклучува зголемување на даноците и кревање на старосната граница за пензија.
Тоа беше услов за продолжување на преговорите со еврозоната за финансиска помош од 86 милијарди евра, а претседателот на еврогрупата Јерон Дијслеблум најави дека министрите за финансии на еврозоната ќе одржат телеконференција за исходот на гласањето.
„Грција придонесе за силни добивки на берзата. Во наредните неколку недели фокусот на инвеститорите ќе биде пренасочен на деловните резултати на компаниите, а очекуваме дека и тие ќе дадат поддршка на берзата“, вели Роберт Паркерс, директор за стратегија на акциите при HSBC.
Сепак, одделни аналитичари истакнуваат дека во наредните недели акциите би можеле да се најдат под притисок од продажба, бидејќи има многу прашања околу грчкиот проблем на задолженост и дека не е решено, а се повеќе се шпекулира и за тајмингот на првото кревање на каматни стапки во САД во последните 8 години.