30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада и Украина потпишаа договор за слободна трговија

Канада и Украина потпишаа договор за слободна трговија

trgovija-uvoz-izov

Канадскиот премиер Стефен Харпер и неговиот украински колега Арсениј Јаценјук потпишаа во Отава договор за слободна трговска размена на двете земји.

Канада, кога договорот ќе стапи на сила на 99,9 проценти од увезената стока од Украина ќе ја укине царината, а Украина на 86 проценти од стоката увезена од Канада, пренесува агенцијата АФП.

Украина ќе ја укине царината на канадската индустриска стока, производите од дрво, рибата и морските плодови, додека Отава ќе ги ослободи од увозна царина украинското говедско месо, прехрамбените производи, житарките, добиточната храна и растителното масло.

Трговската размена меѓу Канада и Украина во периодот меѓу 2001 и 2013 година изнесуваше во просек 347 милиони канадски долари на годишно ниво, а минатата година се намали на 244 милиони канадски долари.

Канада на почетокот на украинската криза во 2013 година на Киев му обезбеди 400 милиони канадски долари по ниски каматни стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП