6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаркионе се откажа од GM

Маркионе се откажа од GM

se markione 33

По неуспешниот обид да го заинтересира „General Motors“ (GM) за соединување со групацијата „FIAT Chrysler“, Серџо Маркионе се откажа од оваа идеа, пренесува „Њујорк тајмс“.

Макрионе рекол дека нема повеќе поента да води бесплодни разговори со челниците на „GM“, откако првиот пат беше без никаков проблем одбиен.

„Еднаш веќе ми рекоа не. Не сакам повторно да го добијам истиот одговор“, изјави шефот на „FIAT“.

Иако обидот за разговор на тема соединување на двата автомобилски гиганти пропадна, Маркионе и натаму верува дека најдобро решение за авто-индустријата е соединување на компаниите.

Сепак, како што вели тој, во овој момент нема намера да продолжи во потрагата за бизнис партнери од автомобилската индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП