21 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСпецијалната очна болница „Систина Офталмологија“ за првите 100 пациенти по промотивна цена...

Специјалната очна болница „Систина Офталмологија“ за првите 100 пациенти по промотивна цена по око трајно отстранување на диоптријата

dss

Специјалната очна болница „Систина Офталмологија“ им нуди на првите 100 пациенти попромотивна цена од 450 евра по око трајно отстранување на диоптријата.

Станува збор за крајно безбедна, безболна и брза интервенција со која засекогаш пациентите ќе се ослободат од очилата и леќите. Хируршките интервенции се прават во новиот рефрактивен оддел на „Систина Офталмологија“  во соработка со Клиниката „СVјетлост“ од Загреб, Хрватска, на чело со проф. Др. Никица Габриќ , признат експерт во светот, кој пред 18 години  ја направи првата ласерска операција за корекција на диоптрија во регионот. Оваа операција во светот се изведува веќе 30 години и преку 50 милиони луѓе го имаат направено овој зафат.

dbb

Операции веќе се прават, а минатата недела кај 20 лица бешеуспешно отстранета диоптријата. Хируршка интервенцијана едно око не трае повеќе од 5 минути, а пациентите кои ги правеа се изјаснија дека не чувствувале никаква болка за време на интервенцијата и дека веднаш по операцијата гледале скоро 100%. Операциите за ласерско отстранување на диоптријата се изведени со LASIK метода со помош на Wavelight 400 HZ IQ  ласер, што претставува врвна технологија во светот, која гарантира максимална безбедност за пациентите и целосно отстранување на диоптријата која никогаш не се враќа. Проф. д-р Никица Габричисто така своите очи ги оперираше токму со овој тип на ласер, цврсто убеден во неговата ефикасност.

daa

Хируршките интервенции за трајно отстранување на диоптријата се резултат и на пред два месеци потпишаниот партнерски договор за соработка меѓу„Систина Офталмологија“ и клиниката „Свјетлост“ од Загреб која успешно ги прави овие операции веќе 18 години, а каде стручниот тим на „Систина Офталмологија“ беше два месеци на сеопфатна обука.

dcc

Со воведувањето на ласерска операција за отстранување на диоптрија во својата програма, „Систина Офталмологија“ се вброи во најмодерните клиники во регионот, овозможувајќи им на македонските граѓани врвна интервенција која сега можат да ја прават во својата земја.

Закажете термин на следниов линк http://sistinaoftalmologija.com.mk/za-nas/novosti/7-oslobodete-se-od-ocilata-i-lekjite-zasekogas-po-promotivna-cena-od-450-evra-za-oko

ddd

dss

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП