1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит под притисок од падот на цената на нафтата

Волстрит под притисок од падот на цената на нафтата

volstrit4874

Цените на акциите на Волстрит благо паднаа во средата, по четиридневниот континуиран раст, а под најголем притисок поради падот на цената на нафтата беше енергетскиот сектор.

Dow Jones ослабна три поена, или 0,02 отсто, на 18.050 поени, додека S&P 500 се спушти за 0,07 отсто, на 2.107 поени, а Nasdaq за 0,02 отсто, на 5.098 поени.

На најголемата светска берза изутрината се тргуваше мирно бидејќи немаше позначителни вести кои би го придвижиле берзите во една или друга насока. Речиси цел ден индексите беа во позитивна насока, но пред сам крај на тргувањето благо паднале.

Тоа се должи на последиците од притисокот на енергетскиот сектор поради падот на цената на нафтата. Индексот на енергетскиот сектор потона за 1,6 отсто, откако цената на американскиот пазар падна за 1,6 долари, на 51,40 долари.

„Берзата беше позитивна во текот на целиот ден, а тогаш при крајот на тргувањето добивките беа поништени. Договорот со Иран би можел да значи дека наскоро на нафтените пазари би се нашло повеќе иранска нафта“, вели Фил Орландо, стратег во компанијата Federated Investors.

На почетокот на неделата Иран и шесте светски сили постигнаа договор според кој на Иран ќе му бидат укинати санкциите во замена за ограничувањето на неговата нуклеарна програма. Укинувањето на санкциите значи дека Иран ќе може да го зголеми извозот.

Падот на индексите го ублажи растот на цените на акциите во финансискиот сектор за просечно 0,7 отсто. Притоа најмногу, за над 3 отсто, скокнаа цените на акциите на Bank of America и US Bancorp, откако банките известија за нешто подобри квартални резултати од очекуваното.

Инвеститорите се внимателни и поради тоа што до крајот на годината се очекува зголемување на каматите на Фед. Вчера претседателката на американската централна банка Женет Јелен во извештајот за Конгресот рече дека економијата стабилно расте, што на Фед ќе му овозможи да ја поскапи цената на парите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП