30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската компанија Lear Corporation ќе инвестира во полошкиот регион

Американската компанија Lear Corporation ќе инвестира во полошкиот регион

lear korp 330000000

Претставници на американската компанија Lear Corporation и Министерот Веле Самак, задолжен за привлекување странски инвестиции, во присуство на премиерот Никола Груевски и владини претставници денеска ќе потпишат договорот за нова инвестиција во полошкиот регион.

Корпорацијата ЛЕАР, водечкиот глобален добавувач на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција, на 19-ти мај официјално ја потврди намерата да инвестира во Македонија.

Со потпишување на договор со Владата на Република Македонија, компанијата превзема уште еден чекор кон отворање нова фабрика за производство на автомобилски навлаки за седишта.

За потребите на сите големи европски автомобилски производители, новиот објект на Леар првично лоциран во Гостивар ќе вработи околу 300 луѓе со познавања за кроење и шиење на кожа и ткаенина.

Деловниот план на компанијата претставува инвестиција вредна над 15 милиони евра, лоцирана во ново-изграден објект во ТИРЗ Тетово кој треба да биде готов во средината на 2016-та година. Со изградбата на новата фабрика се очекува и натамошна експанзија.

До 2018-та година ЛЕАР ЦОРПОРАТИОН МАКЕДОНИЈА планира да вработи од 1.500 до 2.000 граѓани, а согласно нивното искуство постои потенцијал тој број да достигне и до 3.000 нови вработувања.

Министерот Самак и неговиот тим повеќе од две години работат интензивно на убедување на Леар оваа инвестиција да се лоцира во Македонија.

„Горди сме што ова е веќе втора по големина фирма од рангот на Fortune 500 која одлучи да инвестира во Македонија покрај големата конкуренција во регионот. Особено значајно е што со оваа инвестиција ќе се отворат модерни работни места за многу млади и искусни луѓе во Гостивар и Тетово. Со оваа одлука само ја покажуваме нашата одлучност да бидеме најдобра дестинација за странските инвеститори и да се бориме за нови работни места“, истакна Самак.

Корпорацијата Леар (Lear Corporation) е еден од водечките глобални добавувачи на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција. Леар го опслужува секој поголем производител на автомобили во светот, и производите на Леар може да се најдат на повеќе од 300 називи на возила. Производите од светска класа на Леар се дизајнирани, конструирани и произведени од различни тимови на приближно 132,000 вработени лоцирани во 34 земји. На листата на Fortune 500, Леар е рангирана на 177-то место. Седиштето на Леар се наоѓа  во Саутфилд, Мичиген.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП