28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHSBC обвинет за перење пари во Аргентина

HSBC обвинет за перење пари во Аргентина

hsbc1

Банкарскиот гигант „HSBC“, кој минатата година на американските регулатори им плати казна поради перење пари, се сретна со обвинувања за нелегални активности во Аргентина.

Од Аргентина тврдат дека банката користела „лажни потврди“ кои и овозможиле перење пари и затајување данок, и дека на тој начин затаила данок за 392 милиони пезоси (77 милиони долари). Даночната управа на оваа држава поднесе пријава против „HSBC“.

Од банката изјавија дка ќе соработуваат со инспекторите, и дека обвиненијата се многу застрашувачки.

„HSBC“ минатата година на американските власти им плати 1,9 милијарди долари поради перење пари, што досега е најголемата платена казна за таков прекршок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП