20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот парламент ги прифати условите на кредиторите

Грчкиот парламент ги прифати условите на кредиторите

grchki-parlament-grcija-

Парламентот на Грција ги прифати законите со кои се воведуваат строгите мерки за штедење и со кои се прифаќа договорот со ЕУ. За гласале 229 пратеници, против биле 64, а шестмина биле воздржани, додека еден пратеник не бил присутен.

Владеачката партија Сириза го усвои законот благодарение на поддршката на проевропските опозициски партии. Пратениците за овој документ гласале поединечно на пленарната собраниска седница.

Меѓу мерките кои грчките пратеници ги прифатија се: зголемување на данокот на додадена вредност, независност на службата за статистика, реформа на пензискиот систем, јакнење на финансискиот сектор, намалување на позајмицте кои не можат да се наплатат, приватизација на мрежата за електродистрибуција, реформа на пазарот на трудот…

Грчкиот премиер Алексис Ципрас уште пред гласањето го повика парламентот да го поддржи законот, со образложение дека нема никаква друга алтернатива иако и тој самиот не се согласува со мерките.

„Ние во ова не веруваме, но сме принудени да го прифатиме“, рекол Ципрас пред гласањето во парламентот.

Грчкиот премиер рекол дека нема да престане да ги исполнува своите обврски и дека ќе продолжи да ги спроведува политичките и социјалните реформи и дека је ја продолжи борбата против корупцијата.

За време на дебатата поголем дел од пратениците го критикувале предлогот, но и говореле дека за него ќе мора да се гласа. Во текот на расправата поддршка на законот најавија владејачката коалиција на Сириза и Независните Грци и опозициските ПАСОК, Нова демократија и Реке. Против законот гласаа Златна зора и Комунистичката партија.

Додека дебатата во парламентот траеше пред зградата во Атина демонстрантите кои протестираа против законот се судрија со полицијата која за да ја растури толпата употреби солзавец и шок бомби. Во судирите биле повредни четворица полицајци и 30-тина демонстранти.

За време на протестите биле запалени канти за смет и неколку возила на телевизиски екипи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП