19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот парламент ја почна расправата за пакетот реформи

Грчкиот парламент ја почна расправата за пакетот реформи

grchki-parlament

Грчкиот парламент во среда вечер би требало да ги усвои првите мерки од договорот меѓу Грција и нејзините кредитори, при што премиерот Алексис Ципрас го очекува голема борба со неизвесен исход.

Откако во вторник пред јавноста порача дека ја презел одговорноста и потпишал „документ во кој не верува“, но единствено така можел да избегне катастрофа за земјата, на Ципрас му преостанува да верува во истражувањето на јавното мислење, според кое врз примерок од 700 испитаници за весникот То Вима го спроведе институтот Kapa Research, според која, иако поделени, околу 70,1 отсто од Грците сметаат дека парламентот би требало да го усвои.

Грчкиот парламент има 300 пратеници. Познато е дека за договорот со кредиторите ќе гласаат трите најголеми опозициски партии – Нова демократија, Пасок и Потами, кои заедно имаат 106 пратеници.

Што се однесува кај владејачката коалиција, во која радикалната левичарска партија Сириза со 149 и десницата АНЕК со 13 пратеници, таму е многу потешко да се предвиди исходот на гласањето.

Дури 32 пратеника на Сириза уште во петокот имаа резерви кон самото учество на Грција во преговорите во текот на викендот. Во среда оставка даде помошникот на министерот за финансии Надиа Валавани, оценувајќи дека „решението што денеска ни се наметнува на така депримирачки начин е неодржливо“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП