21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефчович: Новите руски гасоводи во Европа се непотребни

Шефчович: Новите руски гасоводи во Европа се непотребни

shevchovich111

Изградбата на нови гасоводи од Русија за Европа ќе доведе до дуплирање на постоечката инфраструктура, рече заменик потпретседателот на Европската комисија(ЕК) Марош Шефчович.

„Ако тие(руските планови) бидат материјализирани, тоа ќе биде еден вид дуплирање на постоечките инфраструктурни можности за транспортирање на гас од Русија во Европа“, рече тој пред новинарите во Брисел.

Шефчович подвлече дека сегашната инфраструктура се користи помалку од 60 отсто и тоа ја става под знак прашалник економската исплатливост на руските енергетски проекти во Европа. Според него, во тој дел Русија повеќе се води од политички, отколку од економски причини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП