8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките службеници и аптекари штрајкуваат против договорот за помошта

Грчките службеници и аптекари штрајкуваат против договорот за помошта

grcija-shtrajk8484844

Во средата низ Грција останаа затворени аптеките, чии вработени заедно со оние во јавните служби излегоа на штрајк протестирајќи против новиот договор постигнат во понеделникот со еврозоната за новиот трет пакет меѓународна финансиска помош кој земјата треба да ја спаси од банкрот, но носи и нови реформи и мерки за штедења.

Јавните службеници и аптекарите од утрото демонстрираа во центарот на грчката престолнина Атина поради новите мерки за штедење, истакнувајќи ги транспарентите на коишто пишуваше „Откажете ја помошта“ и „Не за политиката на ЕУ, ЕЦБ и ММФ“, но според медиумските извештаи на нив учествувале само неколку стотици луѓе.

Други протести, за кои се верува дека ќе бидат далеку побројни, се закажани за попладневните и вечерните часови.

Испитувањето на јавното мнение чии резултати беа објавени во вторникот покажа дека повеќе од 70 отсто од Грците сакаат парламентот кој заседава во средата, да го одобри законот со кој ќе биде овозможено владата на премиерот Алексис Ципрас да го склучи договорот за помошта.

Пратениците ќе гласаат за мерките кои се клучни за деблокирање на помошта којашто ѝ е неопходна на Грција за да се ја одржи ликвидноста, меѓутоа новите мерки за штедење тешко ги прифаќаат многумина во земјата во којашто невработеноста се зголеми над 25 отсто,а економијата потона за четвртина во текот на спроведувањето на двата претходни реформски пакети за штедење во замена за вкупно 240 милијарди евра заеми и 107 милијарди евра отпишување на долгот, претежно кај приватните доверители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП