28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦакалотос: Договорот првпат овозможува реструктуирање на грчкиот долг

Цакалотос: Договорот првпат овозможува реструктуирање на грчкиот долг

cakalatos-cakalatos-tostos

Грчкиот министер Евклид Цакалотос им порача на пратениците во грчкиот парламент дека договорот постигнат изминатиот викенд со челниците на еврозоната за решавањето грчката должничка криза, е тежок за прифаќање но и дека истовремено ја отворил вратата за реструктуирање на грчкиот долг.

Евклид Цакалотос, кој по референдумот од 5-ти јули кога беше одбиен планот на доверителите на должноста министер за финансии го замени Јанис Варуфакис, истакна дека пред неколку месеци грчките партнери дури не сакале воопшто да разговараат за реструктуирање на долгот, но новиот договор осигурил јасна обврска за тоа прашање да се разговара по првите анализи.

„Тоа е тежок договор и само времето ќе покаже дали е одржлив. Содржи мерки против рецесијата, коишто, под одредени услови и доколку проблемот со долгот биде решен и доколку постои план за инвестиции, и доколку луѓето со оптимизам гледаат дека излегувањето од еврозоната е зад нас тогаш може да донесе раст“, рече Цакалотос, кого го цитира агенцијата ANA.

„Кога ќе бидат довршени преговорите за три до четири седмици, ќе го анализираме договорот и секогаш ќе го имам предвид средниот слој од населението кој многу патеше“, изјави Цакалотос на заедничката седница на надлежните парламентарни комисии во кои членуваат околу 200 пратеници.

Законските предлози прво ги разгледуваат надлежните комисии на заедничка седница, на којашто присуствуваа повеќе од половината пратеници во грчкиот парламент, а потоа во средата ќе се одржи пленарната седница на парламентот на која ќе мора да биде усвоен реформскиот пакет.

Грчкиот парламент мора да усвои низа закони кои се предуслов за отпочнување на преговорите за третиот пакет меѓународна финансиска помош за земјата. Законските предлози за промените на серија даноци, како и на пензискиот систем, треба да овозможат раст на буџетските приходи за 3,175 милијарди евра на годишно ниво.

Владата во Атина проценува дека најголемиот приход ќе го донесе зголемувањето на стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ), вкупно 2,39 милијарди евра годишно, а другиот дел од очекуваните буџетски приходи би дошол од зголемувањето на данокот на осигурување, данокот на добивка, данокот на луксузни стоки, на бродовите поголеми од пет метри, како и на посилните моторни возила, како и од дополнителните даноци за оние со примања поголеми од 30.000 евра, дознава грчката новинска агенција.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас порача во вторникот вечерта во интервјуто за јавната телевизија ERT, дека договорот што изминатиот викенд беше постигнат со челниците на еврозоната, мора да биде спроведен па дури и да станува збор за едностран потег на Грција. Порача дека договорот, иако како што истакна ѝ наметнат на Грција, мора да се спроведе, бидејќи ја спасува од излегувањето од еврозоната,

Ципрас се соочува проблеми во редовите на пратеничката група на неговата владејачка коалиција на радикалната левица Сириза, од којашто 30 до 40 пратеници може да се одметнат, дознава агенцијата Reuters. Оттаму, му е неопходна поддршката од партиите коишто ја сочинуваа претходната влада, конзервативната Нова демократија, и другите кои се сметаат за проевропски, бидејќи за изгласување на пакетот му се потребни 151 глас од вкупно 300-те пратеници. „Болна е вистината дека ова за Грција е еднонасочна улица по која мора да оди“, рече премиерот во споменатото телевизиско интервју.

Испитувањата на јавното мнение покажуваат дека тесно мнозинство Грци сепак сметаат дека е постигнат позитивен договор. Според анкетата која во вторникот објави весникот TO BHMA, 51,5 отсто од испитаниците веруваат дека договорот кој владата го постигна со меѓународните доверители е позитивен, а уште поголем процент веруваат дека парламентот треба да го потврди. Дури 72 отсто сметат дека нема алтернатива за договорот и 70,1 проценти веруваат дека пратениците треба да го изгласаат./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП