30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе очекува најголем пад на приходите на американските компании за шест години

Се очекува најголем пад на приходите на американските компании за шест години

Top_150_Companies_Reputation_Institute

Сезоната на објава на финансиските резултатите на водечките американски компании за вториот квартал, која тукушто започна, би можела да покаже најостар пад на приходите, како и прв пад на добивката во изминатите чест години, проценуваат аналитичарите кои ги анкетираше Reuters.

Американските компании и во оваа година остваруваат раст на добивките, иако слаб, пред се поради намалените расходи, што е пракса кон која се завртија за време на последната финансиска криза. Меѓутоа, веќе подолго време аналитичарите ги загрижува слабоста на приходите на компаниите.

Аналитичарите проценуваат дека приходите на компаниите во вториот квартал ќе паднат за 3,9 отсто во однос на истиот период лани, што е најизразен пад за шест години. Додека во првиот квартал од годината падот на приходите изнесуваше 3,1 отсто.

Најголем товар се приходите на енергетските компании, што е последица на речиси 50 отстотниот пад на цената на нафтата на американскиот пазар од јуни 214 година. Се очекува енергетскиот компании да искажат пад на приходите од 35 отсто во вториот квартал.

Падот на приходите на американските компании е последица и на растот на курсот на доларот во однос на останатите светски валути, поради што слабее нивната конкурентност на странските пазари, поради што паѓаат и нивните приходи од странство.

Извештајот за вториот квартал би требало да покажат и пад на добивката од 2,2 отсто, по 2,2 отстотниот раст во првиот квартал. Доколку се остварат прогнозите, тоа би било прв пад на добивката на американските компании уште од третиот квартал во 2009 година, покажува анализата на Reuters.

Досега, и покрај падот на приходите, американските компании остваруваа добивка. Сепак, се наметнува прашањето колку долго уште компаниите ќе можат со кратење на трошоци да ги „покриваат“ приходите.

„Знаеме дека со време растот на добивката станува неодржлив, со оглед на продолжениот пад на приходите. Тоа е причина зошто приходите се далеку најзначајни од добивката на резултатите за второто тромесечје“, вели Ник Рајх од истражувачката компанија The Earnings Scout.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП