28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците прават банкарски гигант во Словенија?

Американците прават банкарски гигант во Словенија?

nkbm

Инвестицискиот фонд Аполо е заинтересиран за преземање на словенечката подружница на австриската Рајфајзен банка, пишува хрватскиот портал Сибиз.

Австрискиот гигант неодамна го најави своето повлекување од Словенија, а Аполо наводно планира словенечкиот Рајфајзен да го спои со од неодамна купената Нова кредитна банка Марибор.

Така, новонастанатата банка по пазарен удел сосема би се приближила до водечката Нова Љубљанска Банка.

Да потсетиме, американскиот Аполо и ЕБРД неодамна ја купи Нова кредитна банка Марибор за 25 милиони евра.

Претходно за словенечкиот Рајфајзен беа заинтересирани да го купат Горењска банка и руската Експобанк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП