22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на Кина ги надмина очекувањата

Економскиот раст на Кина ги надмина очекувањата

kina-kineskata-ekonomija-china

Бруто домашниот производ (БДП) на Кина во вториот квартал порасна за 7,0 отсто на годишно ниво, надминувајќи ги очекувањата, што покажува дека стимулациите кои ги покрена централната банка и пружаат поддршка на втората по големина светска економија.

Економистите кои ги анкетираше Франс прес, очекуваа дека кинескиот БДП во вториот квартал оствари раст од 6,9 отсто.

Кинескиот завод за статистика наведе дека резултатите од второто тромесечје се во согласно со официјалниот проектиран раст на БДП-то за 2015 година од „околу 7,0 отсто“.

На квартално ниво кинескиот БДП порасна, пак, во вториот квартал за 1,7 отсто, побрзо во споредба со првиот, кога растот изнесуваше 1,4 отсто, извести во средата кинескиот завод за статистика.

Кинеската економија, клучен придвижувач за глобалниот економски раст, во последниот период белеше забавување на економскиот раст.

Централната банка на Кина од ноември минатата година четири пати ги кастреше каматните стапки, а ја снижи и задолжителната резерва на банките во обид да поттикне го поттикне растот.

Индустриското производство во јуни порасна за 6,8 отсто, по мајскиот раст од 6,3 отсто, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите кои ги анкетираше „Блумберг“, кои прогнозираа раст од 6, отсто.

Официјалните податоци на Пекинг исто така покажуваа дека малопродажбата, клучниот поакзател за домашната побарувачка, минатиот месец порасна за 10,6 отсто на годишно ниво, по растот од 10,1 отсто од мај, што исто така е над прогнозите од 10,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП