5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит четврти ден по ред, енергетскиот сектор со најсилен раст

Раст на Волстрит четврти ден по ред, енергетскиот сектор со најсилен раст

Wall-Street1

Цената на акциите на Волстрит порасна четврти ден по ред, а најмногу во енергетскиот сектор, што се должи на растот на цената на нафтата.

Dow Jones зајакна 75 поени, или 0,42 отсто, на 18.053 поени, додека S&P 500 порасна 0,45 отсто, на 2.108 поени, а Nasdaq се зголеми за 0,66 отсто, на 5.104 поени.

На вредност вчера добија акциите во девет од 10 сектори на S&P 500 индексот, а најмногу за 0,8 отсто, зајакна индексот на енергетскиот сектор, што се должи на растот на цената на нафтата за околу еден отсто.

Цената на „црното злато“ остро осцилираше бидејќи  изутрината се најде под притисок по веста дека Иран и шестте светски сили постигнале договор на кој на Иран ќе му бидат укинати санкциите за ограничување на неговата нуклеарна програма.

Укинувањето на санкциите значи дека Иран ќе може да го зголеми извозот на нафта. Аналитичарите проценуваат дека во рок од една година би можел извозот да се зголеми за 60 отсто.

Но, по почетниот пад, цената на нафтата до крајот на денот закрепна.

„Постигнувањето договор е голема вест за нафтениот пазар. Искрено, се уште е целосно неизвесно како овој договор ќе влијае на понудата на нафта на пазарот“, вели Дејвид Лефковиц, стратег во фондот UBS Wealth Management.

Во фокусот на инвеститорите вчера беа и деловните резултати на американските компании. Досега сезоната на објава на квартални финансиски извештаи беше во сенка на грчката должничка и кинеската берзанска криза, додека во наредните денови би можела да биде главен придвижувач на берзата.

Но, не се очекува многу добра сезона. Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека добивката на компаниите од составот на  S&P 500 ќе биде помала за 2,8 отсто на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП