19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен сообраќај надвор од градските средини

Зголемен сообраќај надвор од градските средини

avtopat152

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Потсетување до возачите дека од 1.јули започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период (од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија) со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП