17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото под 1,10 долари, фокусот на каматните стапки

Еврото под 1,10 долари, фокусот на каматните стапки

evro dolar 94

Курсот на еврото се задржа под 1,10 долари на светските девизни берзи, откако фокусот на инвеститорите од Грција се пренасочи на различните монетарни политики кои се водат во САД и еврозоната.

Еврото кон американската валута се спушти за 0,1 отсто, на 1,0992 долари, близу најниската граница за шест недели од 1,0915 долари. Во вчерашното тргување беше во значителна загуба од 1,5 отсто, окако беше објавена веста дека по маратонските преговори на самитот на еврозоната конечно е постигнат договор за Грција.

А со оглед дека должничката криза, барем и накратко престана да биде во прв план, во центарот на вниманието повторно се најдоа шпекулациите за временската рамка во која американската централна банка би можела да ги крене каматните стапки.

Инвеститорите очекуваат дека Фед ќе започне со кревање на каматните стапки кон крајот на годината, што е во целосна спротивност со развојот на ситуацијата на тој план во еврозоната и Јапонија, чии централни банки во догледно време ќе продолжат да спроведуваат многу лабава монетарна политика.

„И натаму останува ризикот од спроведување на договореното, а грчкиот премиер Алексис Ципрас мора тоа да го протурка во Грција. Но, од вчерашните разговори со клиентите може да се заклучи дека дојде до промена на фокусот и тоа во насока на базичните придвижувачи“, рече валутниот стратег во француските банка Credit Agricole Manuel Oliveri.

Доларот во денешното тргување зајакна и кон јенот, на 123,74 јени, што е највисоко ниво во последните 12 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП