6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи под притисок од падот на цената на нафтата

Европските берзи под притисок од падот на цената на нафтата

evropski-berzi-euroberzi

На европските берзи во вторникот се тргува внимателно, бидејќи инвеститорите не се сигурни дека грчката влада ќе добие поддршка од парламентот за реформите кои ги бара еврозоната, а под најголем притисок е енергетскиот сектор поради падот на цената на нафтата.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11,30 часот беше во минус 0,1 отсто, на 1.570 поени, откако во последните четири дена порасна речиси 9 отсто.

Лондонски FTSE истовремено беше во добивка 0,05 отсто, на 6.734 поени, додека франкфуртски DAX се намали 0,30 отсто, на 11.447 поени, а париски CAC 0,05 отсто, на 4.996 поени.

Европските инвеститорите се воздржани во очекување на развојот на ситуацијата во Грција, откако вчера лидерите на еврозоната постигна договор за реформите кои Атина треба да ги спроведе, а за возврат да доби нов, трет пакет финансиска помош, вреден 86 милијарди евра.

Со тоа, се чини, дека е отстранета опасноста за излегување на Грција од еврозоната и ширење на кризата во блокот.

Меѓутоа се чини дека реформите кои ги вети грчката влада треба да ги поддржи уште и парламентот, а се очекува остри критики од пратениците, бидејќи премиерот Алексис Ципрас прифати натамошни мерки на штедење. Прашање е исто така, дали неговата влада ќе остане во сегашен состав бидејќи некои министри се противат на мерките на штедење.

„На инвеститорите не им се допаѓа што можноста Грција да излезе од еврозоната и натаму останува отворена опција, доколку парламентот гласа против. Ризикот е далеку помал, но факт е дека не е сосема отстранет“, порачуваат аналитичарите од BK Asset Management.

Под најголем притисок денеска се најде енергетскиот сектор, во кој цените на акциите во просек падна за 0,8 отсто, што е последица на падот на цените на нафтата за над 1 отсто.

Притисоот на цените на нфтата уследи по веста дека Иран и шесте светски сили постигнаа договор според кој на Иран, ќе му бидат укинати санкции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП