6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Договорот со кредиторите гаси дел од банките

Грција: Договорот со кредиторите гаси дел од банките

banki-grcija-gr

Делот на договорот кој Грција го постигна со меѓународните кредитори поразбира строг надзор на европските институции над реформите на грчкиот банкарски сектор, што би можело да значи гасење на дел од банките, изјави анонимен европски функционер.

Грција има четири големи банки – Националната банка на Грција, Пиреус, Алфа и Евробанка, а изворот наведува дека би можеле да бидат сведени на две големи банки.

Новиот пакет е вреден околу 86 милијарди евра ѝ е одобрен под строги услови, кои вклучуваат пакет мерки на штедење, кои грчкиот парламент мора да ги усвои до средата.

Во рамки на договорените мерки, Атина треба да основа нов независен фонд вреден околу 50 милијарди во кој ќе собере средства од приватизација, кои ќе бидат наменети за да се отплати новиот заем и да се рефинансираат банките.

Со фондот би управувале грчките власти под надзор на релевантни европски институции.

Предиведено е дека грчките банки ќе бидат докапитализирани за 25 милијарди евра од Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ), што, иако е импресивна цифра, едвај дека е минум кој на банките им е потребен пишува Wall Street Journal.

Атина добиените средства би требало да ги враќа од фондот за приватизација, иако е прилични нејасно како ќе се идентификува Грција, а уште понејасно е како во кратка постапка ќе продаде државен имот во вредност од 50 милијарди евра, кој треба да биде приватизиран.

Голем дел од овие 25 милијарди евра наменети за банките би можеле за кратко време да исчезнат.

Како прво, девет милијарди или на 40 отсто од основниот висококвалитетен капитал на четирите најголеми грчки банки би требало да биде заменет во престојните години во рамки на прописите Базел III, бидејќи овој капитал со сочинуваат средсва со низок квалитет откако се засновани на одложени даночни обврски.

Покрај тоа, резервите на банките за покривање на лоши заеми покриваат само половина од две третини на изложеноста на банките во вакви заеми.

На крајот на овогодишниот прв квартал, 34 милијарди евра лоши кредити во четирите најголеми грчки банки биле непокриени.

Дел од овие кредити е поврзан за подвижен и неподвижен имот кој може да биде запленет за да се надоместат загубите, но вкупната слика на лоши кредити во вториот квартал по своја прилика беше уште полоша отколку во првиот, наведува Wall Street Journal.

Единствениот надзорен механизам за супервизија на европските банки на крајот на летото ќе изврши детална проценка на квалитетот на средствата на грчките банки и нивната солвентност, доколку договорот со Грција и нејзините кредитори стапи на сила.

Покрај контролата на капиталот кој е на сила вече две седмици и кој по своја прилика ќе потрае уште одредено време, депонентите во грчките банки не можат да бидат сигурни дека нема да претрпат загуби, кого, односно доколку банките бидат докапитализирани, наведува весникот.

Средствата на ESM ќе помогнет, ни тие се само амортизер на шокови, а не вистинско решение. На банките им е потребно брзо закрепнување на економија, заклучува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП