19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој ќе плати најмногу за Грција (фото)

Кој ќе плати најмногу за Грција (фото)

grcija evra 330

Најмногу за новиот спас на Грција ќе платат граѓаните на Луксембург. Тоа го покажуваат пресметките на германското списание „FOCUS“, кое ги зема во предвид при пресметувањето неисплатените суми од досегашниот пакет и новиот спасувачки пакет.

Досега Грција добиваше билатерални кредити и поддршка од спасувачкиот фонд „EFSF“. Во оваа помош не учествуваат сите земји од еврозоната, бидејќи во тоа време некои од нив, како што се Ирска, исто имале потреба од финансиска помош.

Новиот трет пакет е во износ од околу 86 милијарди евра и треба да биде финансиран од подоцна основаниот „ESM“. За разлика од „EFSF“ бројот на членовите на „ESM“ е поголем. Во него пример влегуваат и Балтичките земји (Естонија, Литванија, Латвија).

Според „FOCUS“ граѓаните на Луксембург ќе платат по 1260 евра по глава на жител. На второ место доаѓаат Холанѓаните со 964 евра, а на трето Германците со 956 евра по лице. Најмалку им припаѓа на Литванците – 113 евра, на Кипарците со 122 евра и Латвијците со 125 евра.

Потсетуваме дека по 17-часовни тешки преговори, прекинати од кратки преговори во помал круг (Ангела Меркел, Франсоа Оланд, Доналд Туск и Алексис Ципрас) во раните утрински часови во понеделникот, Грција и западните кредитори стигнаа засега до излез во ќорсокакот со преговорите.

Во замена за краткорочни мерки доверителите се согласуваат да ги продолжат разговорите за трета спасувачка програма за Грција.

spas grcija tabla

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП