12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПравото на регрес за годишен одмор останува

Правото на регрес за годишен одмор останува

denari-plata

Правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од просечната месечна нето плата по работник исплатена во последните три месеци, која претставува основица за исплата, останува и понатаму и истото ќе го користат сите вработени во приватниот сектор.

Ова се предвидува со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, кој социјaлните партнери го продолжија за уште две години.

Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија по повеќе средби, на ден 13.7.2015 година го потпишаа текстот на Спогодбата за именување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Ценејќи ја економската и финансиската состојба, постоењето на последиците од економската, финансиска и должничка криза и потешкотиите кај одделни работодавачи, а со цел да се обезбеди сигурноста на работните места и елиминирање на опасноста од нивно губење, партнерите како исклучок договорија дека правото на регрес за годишен одмор може да се утврди и во помал износ од утврдениот, но само доколку се постигне спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација, но по претходна задолжителна консултација со синдикатот на ниво на гранка или оддел.

Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат, спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП