19 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАКонзервација на археолошкиот локалитет Тетовското кале Балтепе

Конзервација на археолошкиот локалитет Тетовското кале Балтепе

baltepe-tetovo

Реализација на првата фаза за непосредната заштита на влезната партија на тврдината која се наоѓа над градот Тетово, Тетовското Кале или уште познато како Балтепe, планирана е во 2015 година.

Проектот го реализира надлежната установа Национален конзерваторски центар, a конзервацијата, реставрацијата, санацијата и реконструкцијата на влезната партија целосно ќе биде завршена во текот на следната година, со што градот ќе добие уште една значајна туристичка локација.

На Тетовското кале Балтепе, во изминатиот период беа преземени поголеми реставраторски зафати, додека за време на многубројните истражувања кои што беа спроведени се пронајдени многу остатоци од неолитот, античкиот и ранохристијанскиот период, од времето кога владеел раноантичкиот Македонски крал Персеј. На овој локалитет пронајдени се и многу монети, фрагменти од керамички садови, како и бројни предмети карактеристични за Османлиското време.

Тврдината Балтепе датира од античко време, а низ историјата било значајно духовно собиралиште на жителите од тетовскиот крај.

Проектот е поддржан во програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП