17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10 услови кои Грците мора да ги исполнат

10 услови кои Грците мора да ги исполнат

grcija-eu-shah

Грција и еврозоната постигнаа прелиминарен договор за трет пакет помош. Атина за да го избегне финансискиот колапс треба да спроведе тешки економски реформи.

Во соопштението од Самитот на лидерите на еврозоната се наведува дека тие „минимални барања“ не гарантираат успешен исход од преговорите за пакетот помош, наведува агенцијата АП.

Кредиторите пред Атина ставија низа мерки кои Грците мора да ги исполнат:

1. До среда Парламентот во Атина треба да ги усвои законите за поефикасен систем на ДДВ и проширување на даночната основа за да се зголемат приходите, почеток на реформи за пензискиот систем, осигурување на независност на државната статистичка агенција и обезбедување на „квази-автоматски кратења на трошоците“ во случај да не се оствари буџетски суфицит.

2. До 22 јули мора да се усвојат законите за реформи на системот за граѓанско право со цел да се направи поефикасен и да се намалат трошоците.

3. Исто така мора да се модернизира и зајакне администрацијата, како и да се намалат нејзините трошоци, а првите предлози за тој план треба да се достават до 20 јули.

4. Меѓу условите кои Атина треба да ги исполни се и промените кои би овозможиле работа за продавниците во недела, продолжување на работното време на продавниците, либерализација во сопственоста на аптеките, ограничување на пекарите и млекарите, како и отворање на затворените професии меѓу кои е и превозот со траекти.

5. Грција мора и да ја забрза програмата за приватизација со префрлување на 50 милијарди евра вреден имот во независниот фонд со седиште во Атина кој треба да се основа за во него да се собираат средства од приватизацијата, со чија помош ќе се отплатува новиот кредит и ќе се рефинансираат банките. Со фондот би управувале грчките власти под надзор на релевантни европски институции.

6. Според денешниот договор Грција мора да побара поддршка од ММФ бидејќи нејзината сегашна програма со ММФ истекува на почетокот на 2016 година.

7. Покрај тоа, Атина мора да им дозволи на претставниците на Европската централна банка, ММФ и Европската комисија, познати како „Тројката“, да се вратат во Атина, а Владата мора да се консултира со тие институции за нацртот на сите важни закони пред тие да заминат пред Парламентот.

8. Владата во Атина мора да разгледа и измени некои закони усвоени во последните шест месеци за кои се смета дека ги уназадиле претходните реформски мерки.

9. Грција мора да покрене неопходни чекори за зајакнување на финансискиот сектор, вклучувајќи и одлучна борба со ненаплатливите кредити и елиминирање на политичкото влијание врз банкарскиот сектор.

10. Како предуслов за почеток на преговорите за новата програма за помош од Европскиот стабилизационен механизам, Атина мора во наредните денови во парламентот да изгласа низа мерки, кои, меѓу останатото, се однесуваат на поедноставување на даноците на додадена вредност и проширување на даночната основа и подобрување на долгорочната одржливост на пензискиот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП