Цените на акциите на Волстрит пораснаа за над 1 отсто, благодарение на договорот меѓу Грција и еврозоната за реформите кои државата треба да ги спроведе за да добие нов, трет пакет меѓунарoдна помош.
Dow Jones скокна 217 поени, или 1,22 отсто, на 17.977 поени, додека S&P 500 порасна 1,11 отсто на 2.099 поени, а Nasdaq се зголеми за 1,48 отсто, на 5.071 поен.
На вредноста вчера добија акциите во сите 10 сектори на S&P 500 индексот, што се должи на договорот меѓу Грција и нејзините кредитори од еврозоната за реформите кои државата би требала да ги спроведе, а за возврат да добие меѓународна помош.
Со тоа е отстранета опасноста Грција да ја напушти евозоната и кризата да се прошири во блокот.
Според договорот, Грција во наредната година би можела да добие помош од 80 милијарди евра и ќе и биде осигурано итно финансирање за да може да ги иплати доспеаните долгови. За возврат Грција ќе спроведе реформи, меѓу останатото, во пензискиот систем, а ќе спроведе и зголемување на даноците и приватизација на државните компании.
„По ова, вестите за Грција повеќе не би требало да влијаат врз берзите, а кварталните деловни резултати на американските компании ќе влезат во фокусот на инвеститорите“, вели Мајк Бингер, портфолио менаџер во фондот Gradient Investments.
Позитивно на Волстрит влијаеше и растот на цените на акциите на берзата во Шангај трет ден по ред. Откако на почетокот на минатата недела цените на кинеските акции остро паднаа, продлабочувајќи ги загубите за три недели на над 30 отсто, кон крајот на минатата недела берзата почна да закрепнува благодарение на низата мерки на кинеските власти.
Досега сезоната на објава на квартални деловни резултати на американските компании беше во сенка на грчката должничка криза и кинеските берзански индекси, но во следните денови би можела да бидат главен придвижувач на берзите, белат аналитичарите.
Но, не се очекува добра сезона. Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека добивката на компаниите од составот на S&P 500 индексот би можела да се намали за 2,9 отсто во однос на истиот период лани.
Доколку се остварат проценките на аналитичарите, тоа би било прв пад на добивките од третиот квартал во 2009 година и финансиската криза.
Приходите на компаниите ви можеле да паднат за 3,9 отсто.
И на европските берзи цените на акциите вчера силно порасна. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,97 отсто, на 6.737 поени, додека франкфуртски DAX скокна 1,49 отсто, на 11.484 поени, а париски CAC 1,94 отсто, на 4.998 поени.