21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонкурс за oткуп на фотографии со мотиви од Скопје

Конкурс за oткуп на фотографии со мотиви од Скопје

skopje-motivi

Врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје за 2015 година, Град Скопје, во вторник објави конкурс за откуп на фотографии со мотиви од градот Скопје.

Право на учество на Конкурсот имаат сите заинтересирани правни и физички лица, согласно со утврдените барања.

Фотографиите треба да бидат со различни мотиви од подрачјето на градот Скопје, по избор на доставувачот, доставените, фотографии треба да се изработени во дигитален ТИФ(TIF) формат, со висока резолуција, подготвени за печатење.

Фотографиите не треба да бидат постари од една година и не треба да се претходно објавувани во весници, каталози, списанија или да биле пријавени за учество на други конкурси.

Град Скопје за наградените фотографии ќе организира изложба во еден од своите културни центри.

Конкурсот трае 120 дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.

Адресата на која треба да се достават предлог-фотографиите е: Град Скопје
Сектор за локален економски развој
бул. „Илинден” бр. 82, 1000 Скопје
Со назнака „За Конкурсот за најдобра фотографија“
Или лично, во Архивата на Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП