29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезависни Грци нема да гласаат за договорот постигнат со Еврогрупата

Независни Грци нема да гласаат за договорот постигнат со Еврогрупата

nezavisni-grci-gr

Коалиционите партнери на Сириза во грчкиот парламент, десничарската партија Независни Грци, соопшти дека нема да гласа за договорот што грчкиот премиер Алексис Ципрас го постигна во недела вечер со лидерите на Еврогрупата, заради тоа што, како што истакнуваат, станува збор за државен удар.

Лидерот на Независни Грци, министерот за одбрана Панос Каменос, изјави дека нема намера да ја напушта Владата, но и нема да се придружи на мнозинскиот став во кабинетот на Ципрас.

„Премиерот на нашата држава беше соочен со државен удар што го изведе Германија со уште некои земји“, рече Каменос по состанокот со Ципрас во понеделник.

Тој додаде дека договорот што го прифатил Ципрас, наметнува „многу нови детали што ние не можеме да ги прифатиме“.

Одлуката на Каменос е голем удар за Ципрас, бидејќи и некои пратеници од неговата партија отворено се спротивставуваат на новиот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП