7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките синдикати повикаа на 24 часовен штрајк во среда

Грчките синдикати повикаа на 24 часовен штрајк во среда

grcija-shtrajk-shtrajk-sindikati

Професионалниот синдикат на државните службеници во Грција „Адеди“ повика на организирање на 24 часовен штрајк во среда, денот кога парламентот во оваа земја треба да гласа за прифаќање на реформите, неопходни за добивање на неопходната помош од страна на еврозоната, јави AFP.

Во изјавата на синдикатот Adedi се повикува на прекин на работата на државните службеници, со цел неприфаќање на постигнатиот договор меѓу Грција и еврозоната. Синдикатот, исто така, ги повика државните службеници да се вклучат во демонстрациите против предвидените реформи, што ќе се одржат во среда вечер пред грчкиот парламент.

Тоа ќе биде првиот штрајк што ќе се случи за време на владеењето на премиерот Алексис Ципрас. Пред да дојде на власт, партијата Сириза, со која управува токму Ципрас, учествуваше во сите штрајкови и протести насочени против политиката на буџетски ограничувања од 2010 до 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП