7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките банки остануваат затворени

Грчките банки остануваат затворени

banki grcija00033

„Грчките банки, кои се затворени веќе две недели ќе останат „под катанец“ уште некое време“, изјави претставник на министерството за финансии не прецизирајќи кога банките би можеле да бидат отворени.

Владата во Атина пред две недели ги затвори банките и воведе контрола на капиталот, ограничувајќи го износот кој може да се подигне од банкоматите на 60 евра дневно, во настојување да спречи колапс на банкарскиот систем, пренесува Reuters.

Грција во понеделникот, по макотрпните преговори со кредиторите, успеа да обезбеди договор за третиот, неопходен пакет на меѓународна финансиска помош за да избегне напуштање на еврозоната.

„Имавме само една цел, да постигнеме договор и конечно го остаривме“, рече изутрината претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, додавајќи дека на Грција и е одобрен нов пакет помош од околу 86 милијарди евра, но под строги услови, кои вклучуваат пакет мерки на штедење кои грчкиот парламент мора да ги усвои до среда.

Грчкиот министер за економија Јоргос Статакис во текот на викендот изјави дека контролите на капиталот кои им се наметнати на грчките банки ќе останат на сила најмалку два месеца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП