3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Аеродром со засилени патроли: Кучињата да се шетаат со маски

Општина Аеродром со засилени патроли: Кучињата да се шетаат со маски

kucinja-maski

Општина Аеродром апелира до граѓаните да ги шетаат своите миленици со маска на устата и да носат кеси за собирање на изметот што тие зад себе го оставаат на јавните површини.

Целта на оваа акција е да се зачува животната средина, а граѓаните, особено децата, да се чувствуваат безбедно кога ги користат парковите и другите јавни површини.

Освен тоа, шетањето на милениците со маска и собирањето на нивниот измет е обврска на граѓаните што произлегува од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за јавна чистота, потсетуваат од општината.

Доколку не се почитуваат одредбите од овие два закони следуваат казни во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Општинските комунални служби во придружба на полицијата од понеделник ќе почнат со засилени патроли низ општината за да утврдат дали се почитува законот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП